ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПЛАНИРАНИТЕ ПРОЕКТИ

ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПЛАНИРАНИТЕ ПРОЕКТИ

   Градоначалникот Владимир Талески посети неколку локации низ градот каде што во тек се градежни активности кои ги реализира Општина Битола.Градоначалникот го посети градското шеталиште каде во тек е поплочувањето на  втората делница од шеталиштето, потоа населбата Баир каде се изгради спортско игралиште, повеќе улици во градот кои се асфалтираа како што се Сремска Митровица, Борис Бастеро и др. и селото Логоварди каде се асфалтира пат.