МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ Г-ДИН ЏЕЛЛАЛ БАЈРАМИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ Г-ДИН ЏЕЛЛАЛ БАЈРАМИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

При посетата на Министерот Бајрами, Градоначалникот Талески го информираше за исклучителниот успех на проектот за целосна реконструкција и надградба на домот за стари лица „Сју Рајдер“ кој ќе биде финансиски поддржан со 600.000 евра од ИПА1 компонентата на ЕУ. Министерот Бајрами се заложи да ги обезбеди останатите потребни средства за изградба на дом по европски стандарди.
Министрот ги посети и Информативниот центар за роми при што беше запознат со проектот за ЈУМ Центар за социјална работа – Битола. Дел од работната посета беше и средбата со децата во Дневниот центар за деца со посебни потреби.