Посета на Специјалниот претставник на ЕУ во РМ

Посета на Специјалниот претставник на ЕУ во РМ

 

   Специјалниот претставник на ЕУ во РМ и шеф на делегацијата на Европската Комисија во земјава, Н.Е Ерван Фуере во прва официјална посета на Општина Битола се сретна со Градоначалникот на Битола г.Владимир Талески. На средбата присуствуваа и координаторите на совет5ничките групи и на власта и на опозицијата во Советот на Општина Битола.Беше презентирана кратка лична карта на општината а се разговараше и за процесот на децентрализација, односите со централната власт, можностите за регионален развој како и за останати актуелни теми.