Возвратна посета на Белград – Стари град

Возвратна посета на Белград – Стари град

 

Градоначалникот на Општина Битола оствари возвратна посета на општината Стари Град, Белград ,  при што се конкретизираа претходно договорените активности со градоначалничката г-ѓа  Мирјана Божидаревиќ. На разговорите присуствуваше и г.Зоран Лутовац, советник на Претседателот на Србија и Црна Гора . Во рамките на оваа посета Градоначалникот Владимир Талески во присуство на Амбасадорот на Македонија во Србија и Црна Гора , г.Виктор Димовски свечено го отвори македонскиот оддел во  библиотеката во Стари град при што донираше и книги од македонски автори. Во македонската делегација при оваа посета учествуваше и градоначалничката на Општина Центар, г-ѓа Виолета Аларова.