Министерот за странски инвестиции Веле Самак и Градоначалникот Талески ја посетија Индустриската зона „Жабени“ со цел да видат како напредуваат градежните работи на фабриката на Кронберг и Шуберт. Според интензитетот со кој се одвиваат активностите се очекува фабриката да биде комплетно изградена до втората половина на ноември, а потоа ќе следува процес на инсталирање на машините со цел затворање на целокупниот процес пред почетокот со работа. Досега во фабриката се вработени 30 луѓе како дел од менаџерскиот тим, а до ноември се очекуваат уште 100 вработувања. Најголем интерес за зоната имаат граѓаните за кои е обезбедена можност директно на терен да се запознаат со интензивниот напредок на зоната.
=””>