Во тек е реконструкција на улица 9 -та. Градоначалникот Талески во посета на теренот каде се изведуваат градежните работи информираше за текот на активностите на улицата на која се изврши промена на канализационата и водоводната мрежа. Откако овие активности беа завршени Нискоградба го подготви теренот за асфалтирање на улицата во должина од 350 метри. Оваа реконструкција е на особено задоволство на жителите кои живеат на оваа улица.
=””>