33-от Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки, беше затворена со филмот на режисерот Александар Поповски „Балканот не е мртов”.
Општина Битола оваа година додели награда за филмот на режисерот Сали Ел Хосеини.
На италијанскиот снимател Лучано Товоли, министерката за култура, му ја врачи наградата „Златна камера 300″ за животно дело.
Златната камера 300 ја освои филмот „Во мрак” на Јоланта Дилевска. Жирито оцени дека нејзините кадри носат до самото срце на ликовите
Алишер Камикоџаев за филмот „Да се живее” ја освои Сребрената камера 300.
Бронзената Камера 300 ја освои филмот „Ова мора да биде тоа место”на Лука Бигаци.. Публиката во Битола оваа година имаше можност да проследи 28 македонски филмови.