ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СОЛУН БУТАРИС НА РАБОТНА СРЕДБА ВО СОЛУН

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СОЛУН БУТАРИС НА РАБОТНА СРЕДБА ВО СОЛУН

Градоначалникот Талески на прием кај Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис на која се разговараше за идната соработка помеѓу двете општини во делот на ИПА проектите за прекугранична соработка.
Градоначалниците заеднички одличија дека надвор од политиката тие ќе соработуваат преку  реализација на проекти за што беше потпишан протокол за соработка.
На средбата присуствуваа директорките на  Бизнис инкубаторот и Гаус фондацијата од Битола кои заедно со општината аплицираат на ИПА повикот.
Градоначалниците си разменија поклони  и се договорија за наредна средба во Битола.