Градоначалникот Талески ги прими во својот кабинет петтемина пожарникари кои беа на петдневна обука во збратимениот град Епинал-Франција.
На средбата пожарникарите ги пренесоа импресиите и искуствотот кое го стекнаа на обуката како што е начин како побрзо, полесно и поефикасно да дојдат до целта при гаснење шумски пожари, гаснење пожар во урбана средина,, гаснење пожар кај автомобили кои имаат плински уреди.
Ова е прва ваква обука на пожарникари од Битола во Франција , во иднина следат и други активности согласно потпишаната спогодба помеѓу двата збратимени града Битола и Епинал.