Градоначалникот Талески оствари работна средба со Амбасадорот на Турција Н.Е Сокменсуер на која се разговараше за потенцијалите на Битола за инвестирање во ИЗ „Жабени“ и Касарната како и за привлекувањето на идните турски инвестиции. .
Посетата беше искористена и за обележување на 113 год. од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на воената гимназија во Битола .
Во присуство на Амбасадорот на Р . Турција во Македонија , воени аташеа и дипломатскиот кор на Р. Македонија уште еднаш се проговори за делото на овој голем човек кој уште тогаш имал космополитски визии.