Градоначалникот Талески ја посети Општина Велико Трново, средновековната престолнина на Бугарија, на покана на Градоначалникот г-дин Д-р Румен Рашев. Двата градоначалници потпишаа Декларација на партнерство помеѓу Општина Велико Трново и Општина Битола во областа на културата, туризмот, образование, наука, урбан развој и други сфери од општествениот живот.
Градоначалникот Владимир Талески и м-р Ирена Ружин, раководителот на Туристички Инфо Центар- Битола , остварија средби со г-ѓа Кремена Неделкова, Директор на Државната Агенција за туризам на Бугарија, со г-дин Даниел Панов, раководител на Туристички Инфо Центар на Велико Трново, г-ѓа Марија Караѓозова од ТВ канал за туристички информации и промоција на Бугарија, при што е разговарано за идни заеднички проекти и соработка, како и размена на добри практики.