Во тек е третата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Денешната седница на дневен ред има 11 точки, меѓу кои прифаќање на критериуми за приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати, приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати, усвојување на приоритетна листа на проекти кои ќе се поднесат во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2014, информација за проекти кои ќе се поднесат во рамките на третиот повик за прекугранична соработка, како и други значајни точки:
„Имаме навистина обемен дневен ред. Почнува и ГТЗ да соработува со нас. Денеска деветте градоначалници кои што го претставуваме Советот на Пелагонискиот плански регион, треба да одлучиме кои од проектите кои што се предложени од општините ќе се финансираат од таа програма, затоа што финансиските средства кои се обезбедени преку ГТЗ не се доволни за сите проекти кои се аплицирани, така што тука треба да направиме селекција. Се разбира во ваков момент приоритет даваме на помалите општини. Исто така, ќе одредиме кои од проектите ќе бидат поддржани преку советот, односно ќе бидат реализирани преку Центарот на Пелагонискиот плански регион, проекти кои се се многу поголеми износи, а за кои ќе лобираме да се зголемат финансиските средства, тековно, како што досега тоа го правевме. Наскоро, очекувам да биде закажан и националниот совет на регионите така што таму дефинитивно сите плански региони ќе излезат со своите програми“, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.