ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

  Премиерот Никола Груевски зедно со Министерот за образование  Панче Кралев и Градоначалникот Талески викендов отворија неколку објекти од областа на  науката и  спортот кои се инвестирани од Владата на РМ со поддршка од Општина Битола.

Двете нови лаборатории на техничкиот факултет во Битола и тоа
лабораторијата за сообраќај и транспорт која е опремена со програма за симулација на сообраќајни незгоди – PC- Crash 8.2 Expert 3D. Студентите ќе можат да ја користат истата за: анализа и реконструкција на сообраќајните незгоди, добивање наоди, стручни мислења и експертизи на сообраќајни незгоди, одржување на кратки курсеви за вршење експертизи и реконструкции на сообраќајни незгоди, симулации на разни видови сообраќајни незгоди, истражување и проектирање на симулациски модели на сообраќајни незгоди, проектирање на акциски програми во безбедноста во сообраќајот, специјализација во доменот на експертиза на сообраќајните незгоди.

=””>
Во  средното медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“, Премиерот Груевски, министерот Кралев и Градоначалникот Талески ја пуштија во употреба новоизградената училишна спортска сала која беше многу неопходна за учениците од ова училиште.
 
Новоизградената спортска училишна сала е дел од проектот на Владата, со кој што се влијаеше врз суштинска промена на сликата во македонскиот спорт. Во изминатите неколку години Владата реализираше неколку крупни проекти како што се 35 големи спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 145 училишни спортски сали и 100 тениски терени.
– Во битолскиот регион ја изградивме големата спортска сала „Павел Шатев“, изградивме две големи фудбалски игралишта, училишни спортски сали во средното економско училиште „Јане Сандански“ и средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, а денеска ја пуштаме во употреба и новата современа спортска сала во средното медицинско училиште која располага со сите потребни реквизити и простории за одвивање на часовите по физичко воспитување. Нема повеќе импровизации, нема повеќе часови по физичко воспитување во други училишта или на отворено, нагласи Груевски и најави продолжување на инвестициите и во други полиња што се од интерес на Битола.
 
Новата училишна спортска сала во општинското средно медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“ во Битола е на површина од 1.300 квадратни метри и трибини за 400 гледачи.
Министерот Кралев информира дека за изградба на спортската сала се вложени 40 милиони денари, средства обезбедени од банката за развој при Советот на Европа и Буџетот на Република Македонија, како и со помош на општина Битола.
Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала нагласи дека реализацијата на овој проект претставува заокружување на процесот на ветени проекти од областа на спортот и физичката култура, кои во изминатиот период се реализираа со максимална поддршка од Владата на РМ.

=””>