Градоначалникот Талески и директорката на фестивалот Лабина Митевска пред новинарите го најавија 32-то издание на интернационалниот фестивал „Браќа Манаки “ со наслов ПРОДОЛЖИ ДА ГЛЕДАШ кој ќе се одржи од 15-21 октомври во Битола.
Награда за животно дело „Златна КАМЕРА 300“ оваа година ќе ја добие Данте Спиноти кој во исто време ќе биде и претседател на комисијата на филмскиот фестивал.