НОВОГОДИШНИОТ ПРИЕМ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЗА ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ОДРЖАН ВО БИТОЛА

НОВОГОДИШНИОТ ПРИЕМ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЗА ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ОДРЖАН ВО БИТОЛА

 
За прв пат оваа година, новогодишниот прием на дипломатскиот кор од страна на Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов, беше организиран во Битола, во НУ Завод и музеј.  Во својот говор Претседателот Иванов, направи ретроспектива на минатата 2011 година, потсетувајќи дека таа беше година на јубилеи и успеси, како и година во која беше потврден кредибилитетот на надворешната политика на Република Македонија. 2012 – та ќе биде година посветена на остварување на стратешките цели, членството во НАТО и ЕУ, развојот на билатералните односи со сите држави во светот, јакнењето на добрососедските односи и иницијативност во регионалната соработка.
На организираниот прием од името на дипломатскиот кор се обрати амбасадорот на Р.Словенија Алан Брајан Бергант.