Градоначалникот Талески го прими Хрватскиот амбасадор Н.Е. Иво Кујунджч заедно со претставници од македонско-хрватскиот бизнис центар. Тема на разговор беше идната соработка во делот на економијата и странските инвестиции, со можност за отварање на претставништва на најдобрите хрватски фирми во Битола. На средбата беа присутни и претставници од битолскиот бизнис сектор.