Се реновираат приодите кон Безистенот

Се реновираат приодите кон Безистенот

  

   Општина Битола реализира уште еден инфраструктурен проект.Во битолскиот Безистен за првпат се постави секундарна фекално-одводна канализација со можност за парцијални приклучоци за сите дуќани во објектот.
   Деновиве  интензивно се работи на партерно  уредување на приодите  пред Безистенот согласно основниот проект и одобрението за градба. Конечниот изглед на овој простор во центарот на градот предвидува  поплочување со бехатон плочки на бетонска подлога и неколку цвеќарници пред двата влезови кон објектот.Исто така  се градат и  рампи за хендикепирани лица со што ќе им се овозможи на сите граѓани поддеднаков пристап до Безистенот.Се поставуваат и метални столпчиња со кои ќе се огради просторот и воедно ќе се спречи недозволеното паркирање на приодите кон Безистенот.
   За реализација на овој проект Општина Битола издвои околу 3 милиони денари.