Градоначалникот ВладимирТалески свечано ја пушти во употреба втората филијала на ПРОКРЕДИТ БАНКАТА во Битола . На отварањето збораа и Н.Е. Ралф А.Брет Амбасадор на Р.Германија во Р.М. и Наташа Трајковска, раководител на експозитурите во Битола
Како резултат на зголемената побарувачка за услугите, новата експозитурата на ProCredit Bank во Битола, со гордост ги отвара своите врати за локалната заедница, пружајќи им доверба и поддржувајќи го претприемачкиот дух на локалните микро, мали и средни бизнисмени и занаетчии.
Лоцирана во новиот дел на градот, новата експозитура на ProCredit Bank во Битола е основана со цел да ги услужи сите физички лица и претпријатија во Битола и регионот, создавајќи долгорочна тесна соработка со нив.
Во експозитурата на ProCredit Bank, општата јавност може да биде услужена со комплетни банкарски услуги тековни, жиро, штедни и орочени сметки од неколку вида, Maestro и Visa Electron дебитни картички, Master, Visa Classic и Diners кредитни картички, платен промет и менувачко работење, и посебно секој може да добие консултација за поддршка и развој на малото стопанство, одбирајќи ja ProCredit Bank како Банка со клиентски ориентиран пристап, професионална услуга и широка насмевка за сите.