Официјалната средба на Градоначалникот на Лерин-Р.Грција Стефан Папанастасиу со Градоначалникот Талески и Ристевски беше искористена за разговор околу прекуграничната соработка на оштините како и идните заложби за реализација на проектот за реконструкција на железничката пруга Битола –Лерин, со што ќе се овозможи побрзо и поефтино движење на граѓаните од двете страни на границата.
Градоначалникот Талески најави дека за кратко време ќе се започне со подговотка на техничката документација за подготвени да ги дочекаме фондовите за прекугранична соработка кои ќе овозможат средства за реконструкција на делот на железничката пруга Битола-Лерин. Средстава се очекуваат 2013 година, според најавите на Министерството за транспорт и врски.
На средбата се разговараше и за развој на автопатот Велес, Прилеп, Битола, Меџитлија кој продолжува за Лерин.