ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески и Директорот на фестивалот, Лабина Митевска одржаа прес конференција на која ги презентираа првите информации за јубилејното 30 издание на фестивалот „Браќа Манаки“.
Оваа година ќе се прикажат околу 80 филма, меѓу кои и 20 кратки документарни од македонската кинематографија. Фестивалот ќе биде отворен со филмот оскаровец “Сиромашниот милионер“.
Најавено е присуство на 70 познати светски имиња од филмската уметност.
Влезот за студентите ќе биде бесплатен, а цената на билетите за филмските проекции ќе биде симболична.