РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА БИТОЛА И АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА БИТОЛА И АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

 

Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески, денеска оствари работен состанок со претставници од австралиско – македонското лекарско друштво од Сиднеј, предводени од претседателот на здружението Д-р Зоран Бечваровски. На состанокот присуствуваа и директорот на Клиничка болница од Битола Василе Најдовски, како и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски. Денешната работна средба имаше за цел запознавање и разгледување на можностите за идна соработка, пред се во областа на здравството и стручното доусовршување на лекарите. Главен акцент беше ставен на соработката која се очекува да биде воспоставена со Клиничката болница од Битола, како и можноста за размена на искуства, идеи, реализација на заеднички истражувања и проекти, како и размена на студенти и лекари помеѓу Битола и Сиднеј.