Денот на руската федерација и овој февруари по седми пат се одбележа во Битола. На одбележувањето во Битола, присуствуваше Амбасадор на Руската федерација НЕ Солоцински, Андреј Куку, генерален директор на “Лук-оил” и воени руски аташеа.
Одбележувањето започна со средбата во кабинетот на градоначалникот Талески, на која покрај за протоколарните работи се разговараше и за релизацијата на идејата за изградбата на гасоводот во Македонија, со кој ќе бида опфатена и Битола. Исто така Градоначалникот Талески на средбата свечено му го предаде одобрението за употреба на втората бензинска пумпа на “Лук-оил” во Битола.
По средбата сите заедно се упатија кон Рускиот крст во Градскиот парт,каде се положи свежо цвеќе во чест на рускиот конзул Ростковски, кој пред 115 години е убиен на тоа место од страна на Турци
Потоа следеше свечаното пуштање во употреба на бензинската пумпа „Лук-оил“ на излезот кон Скопје, која е втора во нашиот град.