Во организација на Здружението на просветни работници Битола се организира традиционалниот саем на средните училишта на кој се претставија сите 7 средни училишта со нивните програми како и првата приватна гимназија. Саемот свечано го отвори Градоначалникот Владимир Талески.
