ВТОР МЕГУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО ОХРИД

ВТОР МЕГУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО ОХРИД

  Општина Битола со Туристичкиот Инфо центар, се претстави на  Вториот  меѓународен саем за туризам во Охрид.
  На саемот со свои штандови се претставија општини, туристички организации од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други земји од Балканот.
Градоначлникот Владимир Талески по завршување на  свеченото отварање оствари  средби со повеќе странски експерти од Балканот и светот.
   Во рамките на семот беше организиран форум на три теми и тоа: ИПА и ИПАРД фондови, Македонија како туристичка дестинација и Светската криза и влијанието на туризмот.
  На гастро натпреварите организирани во деновите на саемот, учествуваше хотел Молика од Битола, на кои свои седум златни медали и титула “шампион во приготвување национална кујна”.
  Посебно за истакнување е доделувањето на благодарница од организаторот Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Градоначалникот Владимир Талески, за “ подршка за развојот на туризмот”, единствена од ваков тип.
Благодарница доби и  Туристичкиот Инфо центар.