СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржа седница на која се усвоија проектите кои ќе бидат поднесени до Бирото за регионален развој на Република Македонија за 2012 година од страна на Пелагонискиот регион.
Седницата ја водеше Градоначалникот Талески кој е воедно и претседател на Пелагонискиот плански регион.
Приоритетни проекти за 2012 се: проект меѓу општините за набавка на животоспасувачка опрема за противпожарен систем во Пелагонискиот регион,  реконструкција на живеалиштата во Зоолошката градина во Битола, изработка на урбанистички план за манастирот Свети Илија во Демир Хисар, реалиазција на проект за заштита на регионален природен извор во Дебреште, изработка на пешачка патека во Општина Кривогаштани, опремување кино сала во Центар за култура „Марко Цепенков” во Општина Прилеп, изработка на ЛУП за Индустриска зона Петилеб, Могила, изработка на техничка документацијаза партерно уредување на местото Германска чешма, изработка на ЛУП за Индустриска зона Новаци.