Традиционлано и оваа година се прослави големиот македонски празник Илинден во селото Трново на кој зборуваа : Иван Џо Петревски, претседателот на Матицата на иселениците на Македонија, вицепремиерот во Владата на Република Македонија Васко Наумовски, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот “Македон”, Ташко Јованов. Во името на градот домаќин Битола, големиот број присутни на собирот ги поздрави и за значењето на денот Илинден зборуваше Градоначалникот Владимир Талески.
