ЕКО БОЕНКА

ЕКО БОЕНКА

 

   Завршниот настан на проектот за рециклирање пластика „Собирај ПЕТ за подобар свет“ се одржа на 14-ти овој месец со учество на сите основни училишта во Битола. Сите ученици од прво до четврто одделение, на ист училишен час, ја работеа едукативната боенка за рециклирање пластика. Настанот го фацилитираше НВО Биосфера, а основното училиште „Елпида Караманди“ одржа и приредба по повод добивањето на зеленото знаме како највисоко признание за актино еко училиште. Дел од овој проект се и 32-та поставени контејнери за собирање отпадна пластика.

Проектот го имплементира Општина Битола во соработка со УСАИД Проектот за рециклирање.