Во Општина Битола се одржа 10 –та седница на Советот за развој на Пелагонискиот регион во кој членуваат 9-те градоначалници на Пелагонискиот регион. На седницата беа разгледани и усвоени годишниот извештај за 2010 , проектите и буџетото за 2011 год. Исто така се разговареше околу одлуката за истапување на фондацијата ПРЕДА од општините и за нејзино самостојно функционирање.
