СТОПАНСТВО И ИНВЕСТИЦИИ – ПРЕКУГРАНИЧЕН ФОРУМ НА ЧЕТИРИ ГРАДОВИ

СТОПАНСТВО И ИНВЕСТИЦИИ – ПРЕКУГРАНИЧЕН ФОРУМ НА ЧЕТИРИ ГРАДОВИ

 

Привлекување инвеститори, создавање можности за заедничка соработка и размена на искуства помеѓу Битола, Прилеп, Краљево Ваљево. Со оваа цел делегација од Србија составена од градоначалникот на Краљево, заменик градоначалник на Ваљево, помошници градоначалници од овие општини, како и претставници од бизнис секторот денес имаа посета на Општина Битола. После средбата со Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески, делегацијата ја посети Индустриската зона Жабени, по што следувааше заеднички работен состанок со стопанствениците од Битола.
„Ова е многу важна средба која ја договоривме преку македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски, цениме дека имаме заеднички теми кои се однесуваат на стопанскиот развој и акцентот го ставаме таму. На средбата во кабинетот тие се запознаа со поволностите во нашата индустриска зона Жабени, поволностите што ги дава Република Македонија и специфичните поволности што ги дава самата општина. Тие имаат свои искуства кои што денеска ќе ги споделиме. За оваа цел ги повикавме и претставниците на нашата стопанска комора со претставниците на нивните стопански комори да разменат искуства. Проблемот со невработеноста е горлив проблем во сите поранешни југословенски републики токму затоа денешната тема е стопанство и инвестиции, односно преку размената на искуства, да стигнеме до што повисока цел, да создадеме што подобри услови за вработување на нашите невработени граѓани, изјави Градоначалникот М-р Владимир Талески.
Состанокот се очекува да иницира средби и помеѓу стопанствениците од двете земји, како и значителна соработка помеѓу градовите од Србија и Македонија:Битола, Прилеп, Краљево и Ваљево.
„Целта на нашата посета е прекугранична соработка. Сметаме дека можеме само заедно поради сличностите кои ги поседуваме, заедно со заеднички проекти да излеме пред претпристапните фондови на ЕУ. Ние сме слични, не мачат слични проблеми, делиме иста геополитичка и геостратешка положба на овој Балкан, проблеми кои произлегуваат од долготрајната транзиција и лошо спроведената приватизација, пред се во Србија и гледаме како тоа да го решиме. Ова искуство кое го видовме денес во вашата зона за нас ќе биде исклучително корисно, но разликата е што вие имавте државно земјиште, а ние тоа ќе мора да го решаваме по пат на експропријација. Овие состаноци ќе бидат корисни и за Битола и за Краљиво и Ваљево со цел заеднички да го подобриме стопанството и да вработиме што повеќе луѓе. Кеаљево има 130 000 жители и 14 000 невработени. Начинот на кој што вие ја решавате навработеноста е исклучително импресивен и би сакал да го пофалам градоначалникот, а овие искуства ќе ги пренесеме кај нас, изјави Драган Јовановиќ Градоначалник на Краљево.
Овој бизнис форум се очекува да резултира со заедничка канцеларија која ќе работи во заеднички интерес.
„Денес видовме една значајна инвестиција како целина, како пример кој сме го гледале по Западна Европа и можам да речам дека Битола има на што да се надева иако многу градови заостануваат. Мораме забрзано напред, тука видовме конкретни работи, ние работиме конкретни нешта. Утре ќе го посетиме и Прилеп. Верувам дека ќе го најдеме тој миниинституционален модел ова да заживее, да профункционира, во наш заеднички интерес, во интерес на сите четири градови изјави Драгољуб Крстиќ заменик Градоначалник на Ваљево.
На средбата стопанствениците ги пренесоа сопствените искуства од својата дејност, а во текот на утрешниот ден делегацијата од Србија ќе оствари посета и на Општина Прилеп.