Градоначалникот Талески ги поздрави присутните на традиционалната погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија
Обединување на Македонците од целиот свет беше главната порака упатена од 31-вата погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, која се одржа во потпелистерското село Трново.
Средбата беше исполнета со богата културно-уметничка програма која ја приредија членовите на ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ од Битола, а нивната програма ја започнаа со изведбата на Комитското оро.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2015/05/TrnovoSredbaIsselenici2011-1-100x65.jpg)