НОВА ТРИМ ПАТЕКА ВО ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ

НОВА ТРИМ ПАТЕКА ВО ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ

Нови можности за спорт и спортски активности за учениците од основното училиште Коле Канински. Со изградбата на новата трим патека покрај учениците од ова училиште се создаваат можности за спортување и на другите граѓани – вљубеници во спортот:
„Оваа спортска патека располага со 23 спортски места каде што може да се вежба. Справите се подготвени така што можат да одговараат и на снага и брзина и издржливост, снаодливост, катче каде што ќе можат да спортуваат нашите ученици, но и сите граѓани, изјави Трајче Ираковски, директор на ОУ Коле Канински.
Основното училиште Коле Канински со досегашните високи резултати во спортот ја потврдува големата грижа која ја посветуваат наставниците од ова училиште во насока на квалитетен воспитно – образовен процес и редовни физички активности:
„Идејата е многу интересна и добро е да ја прифатат и останатите училишта или дел од институциите. Се работи за една конструкција распоредена во дворот на училиштето. Финансиската конструкција е околу 5000 евра што не е голема инвестиција споредувајќи со можностите кои ги добиваат децата за физички активност. Сакам да потсетам дека ОУ Коле Канински 10 години наназад е најдоброто училиште во спортски активности во општина Битола, а од 2008 најдоброто училиште во РМ, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.