41 -ТА СВЕТСКА МАКЕДОНСКА СРЕДБА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ

41 -ТА СВЕТСКА МАКЕДОНСКА СРЕДБА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ

Во потпелистерското село Трново, се одржа 41-та Светска македонска средба  во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот македонски конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” и Сојузот на Македонците со исламска религија,
Присутните ги поздрави  Градоначалникот Талески , Стефан Влахов Мицов од Матицата на иселениците, Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Иво Ивановски министеро за информатичко општество и администрација сите со честитки за празникот и потсетување за значењето на овој празник за македонскиот народ.
На средбата присуствува Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет.Аманет до сите Македонци за Илинден секогаш да бидат во Македонија.