ТУРСКИ БИЗНИСМЕНИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И ИНДУСТРИЈА ВО БИТОЛА

ТУРСКИ БИЗНИСМЕНИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И ИНДУСТРИЈА ВО БИТОЛА

Делегација од турски инвеститори денеска ја посети општина Битола. На средбата со Градоначалникот Талески, инвеститорите ги разгледаа поволностите за инвестиции во Индустриската зона Жабени, на просторот на „Златен рид“ – поранешната касарна, како и можностите за изградба на откупно –дистрибутивен центар.

„Разговаравме со министерот во Анкара, кој не упати во Македонија, бевме во Скопје, се запознавме со министерот за земјоделие и дојдовме во Битола. Денеска сме тука да ги разгледаме можностите за инвестиции во градежништвото и земјоделството, изјави Елдн Уљкуташ.

Турските бизнисмени како претставници на повеќе фирми го изразија својот интерес за инвестиции во Преспанско – пелагонискиот регион.

„Битола често е посетена од повеќе заинтересирани инвеститори. Денеска имаме една група предводена од Претседателот на Федерацијата на фармери, заинтересирана за повеќе области. Ги знаат можностите кои ги дава Битола. Денес беа заинтересирани за повеќе области:во делот на градежништвото, за фабрика за сточна храна, за што им ги објаснивме надлежностите на локалната самоуправа и министерството за земјоделство. Се интересираа и за изградба на ладилници, за што ние ги информиравме дека имаме детален урбанистички план за откупно дистрибутивен центар, а ги информиравме и за исклучителните поволности во Индустриската зона Жабени, изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески.

Вториот дел од состанокот, заинтересираните бизнисмени од Турција го искористија за разгледување на локациите за кои што беше разговарано.