Реализиран проектот "Уметност и култура надвор од ѕидовите"

Реализиран проектот "Уметност и култура надвор од ѕидовите"

 

   Во рамките на меѓуграничната соработка меѓу Општина Битола и Општина Сикис од Солун, Р.Грција, се реализира проектот “Уметност и култура надвор од ѕидовите”. Првата група учесници од Битола заедно со своите колеги од Грција ќе работи две недели во Центарот за култура во Сикис на две теми: изработка на витраж и хагиографија. Создадените дела ќе бидат изложени во Центарот за култура во Општина Сикис,Солун на 30 април.Почетокот на проектот  свечено беше означен од старна на Градоначалникот на Општина Сикис, г-динот Симос Даниелидес,кој истакна дека нивната соработка со Општина Битола е на извонредно високо ниво и е вистински доказ дека зближувањето на луѓето секогаш треба да почне од културата и размената на искуства. Проектот предвидува уште 3 сесии на работилници на различни теми од областа  културата и уметноста.