Одбележан Светскиот ден на заштита на културното наследство

Одбележан Светскиот ден на заштита на културното наследство

 

КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО Е БОГАТСТВО
КОЕ МОРА ДА СЕ ЧУВА

   За прв пат годинава републичкото одбележување на Светскиот ден на заштита на културното наследство, кој во светот и кај нас се одбележува на 18 април, беше организиран во Битола.  Организатор на манифестацијата беше МНК ИКОМОС, невладина организација која соработува со УНЕСКО, која е во тесна соработка и со Министерството за култура и поткомитетот за архитектонско наследство, како домаќини се јави Здружението на архитекти и Заводот и музеј од Битола, а темата на годинашната манифестација “Опстанокот на недвижното културно наследство во услови на современите предизвици од 21-от век.
   На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој не го криеше задоволството што ваква манифестација се одржува во нашиот град, па уште еднаш ги потсети присутните на огромниот потенцијал на градот што го има во оваа област. Оваа е уште едно признание за нашиот град, кој не е случајно избран за одржување на оваа голема манифестација, зашто само пред извесно време Битола е примена во Европска асоцијацијата на историски градови и региони во Верона.