Со свечена седница на ректорската управа и свечена академија беше обележан 30 годишниот јубилеј на Универзитетот „Св.Климент Охридски“
На свечаноста присуствуваше Градоначалникот Владимир Талески, Министерите Зоран Коњановски, Иво Ивановски, Никола Тодоров, декани, политичари, професори.
Со музичкиот хепенинг на плоштадот “Магнолија” на кој настапија битолските музички групи, “Фајф”, “Памперси” и “Паркети“ завршнија активностите за обележување на јубилејот на битолскиот универзитет.