БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ ДОБИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД УСАИД ВО ВРЕДНОСТ ОД 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ ДОБИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД УСАИД ВО ВРЕДНОСТ ОД 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Во присуство на Градоначалникот Талески, директорот на УСАИД за Македонија Роберт Вуртс, претседателот на регионалната стопанска комора Благој Стојчев, претставници на здруженија на граѓани, бизнис заедницата, претставници на општините на Пелагонискиот регион и гр. гости беше презентиран новиот проект на Бизнис Инкубаторот „Бизниси без граници“ . Проектот ќе се реализира во наредните три години со финансиска поддршка на УСАИД .
На настанот беа потпишани и договорите за идната соработка помеѓу Бизнис Инкубаторот и партнерите Општина Битола, Регионалната стопанска комора, Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Целта на проектот на УСАИД „Бизнис без граници“ е забрзување на економскиот раст во југозападна Македонија преку:
–  Помош при отворање на нови микро мали и средни претпријатија (ММСП);
– Подршка за раст и подигнување на конкурентноста на постоечките и
новоотворените ММСП;
–  Создавање и поддршка на работни места и можности за вработување за младите,ранливите групи и невработените, и
– Подобрување на регионалната соработка за развој на  ММСП