УСПЕШНО ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ОУ СТИВ НАУМОВ

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ОУ СТИВ НАУМОВ

 

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со основното училиште „Стив Наумов“ од Општина Битола организираше свечено сечење на лента за одбележување на завршувањето на реновирањето на ова училиште. На денешната свеченот директорот на секторот за демократија и самоуправа од УСАИД Македонија Мајкл Стиветер, им оддаде големо признание и на родителите за нивните напори и поддршка, како и нивниот голем волонтерски ангажман со кој што и тие покажаа дека даваат поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието и промовирањето на различностите:
„Ние инвестиравме околу 1 200 000 денари во овој проект – промена на кровната конструкција, а исто така општината учествуваше со одреден процент, како и училиштето и родителите со работна рака и поддршка на сите активности кои ги имаме заедно. Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието во РМ. Овој проект е фокусиран токму на таа активност, во рамки на сите други активности училиштето е вклучено во другите компоненти на проектот, а денес го славиме завршувањето на кровот, а за подобро одржување на училишниот објект обезбедивме алати, а во склоп на проектот изградивме и пристапна рампа за лицата со хендикеп, изјави Небојша Мојсовски, раководител на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Во изминатиот период извршени се повеќе интервенции во ОУ Стив Наумов од различни начини на финансирање, при што извршено е опремување на три училници, кабинет по техничко образование, изградба на санитарни јазли и најновиот проект – реконструкција на кровната конструкција:
„ОУ Стив Наумов континуирано работи на проекти кои што ќе обезбедат подобри услови за учениците и вработените. Еден од тие проекти е и проектот за „меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД, ова е една компонента во која што обезбедивме подобри услови на учениците, го реконструиравме кровот, а партнери во истото беа УСАИД и Општина Битола. Ќе продолжиме и понатаму да работиме на проектниот менаџмент и да аплицираме на идни вакви проекти за да ги подобриме условите во нашето училиште. Исто така, од УСАИД ја добивме и пристапната рампа. Соработката продолжува, а општина Битола е секогаш тука и постојано не поддржува во организација на проектите, изјави Билјана Рахманова Тасева, директор на ОУ Стив Наумов.

Со процесот на децентрализација се зголемија ингеренциите на општина Битола врз дел од работата на основните и средните училишта. На тој начин се создадоа можности за инвестиции на општината во инфраструктурниот дел и подобрување на условите за непречен развој на образовниот процес.
„Ги стимулираме сите директори да аплицираат, да најдат начини како да ги подобруваат условите во сите објекти. За волја на вистината морам да кажам дека сите објекти на основните, па дури и средните училишта кои што ги добивме во надлежност беа во една ситуација во која беа потребни интервенции на кров, дограма, опрема итн. Последниве години се обидуваме на разни начини да ја подобриме ситуацијата, ги стимулираме директорите да аплицираат и да бараат начини. Сите оние училишта кои изнајдоа средства од различни фондови, Општина Битола максимално ги поддржува и финансиски, односно партиципира со одреден процент, а исто така општинската поддршка продолжува и во текот на реализацијата на проектот доколку за тоа се појави потреба. На тој начин обезбедуваме услови за процесот на воспитание и образование, но и сите ние инвестираме во најдрагоценото и најскапоценото – знаењето и иднината на нашата општина на идните генерации. Денеска е завршен проектот за реконструкција на кровната конструкција, но ова не е единствениот проект со УСАИД, изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески.
Општина Битола и УСАИД со заедничка соработка веќе се подготвуваат за реализација на нов проект – реконструкција на дограмата на ОУ Ѓорѓи Сугарев – проект предвиден во програмата на Градоначалникот на општина Битола.