КИРЕ КОЧАНКОВСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО БИТОЛА

КИРЕ КОЧАНКОВСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО БИТОЛА

26 годишниот битолчанец Кире Кочанковски го фати светиот крст во соборниот храм Св. Великомаченик Димитриј во Битола. Среќен и возбуден вели дека имал некое претчувство дека светиот крст ќе биде во неговите раце.
Прв пат скока по крстотот. На денешниот празник Водици пред многубројните верници во дворот на соборниот храм во Битола по крстот скокаа 28 момчиња од Битола.
„На сите православни христијани им го честитам празникот Водици. Бог се јави! Првпат скокам за крстот и еве ја имам среќата да го фатам светиот крст. Потајно бев убеден дека ќе го фатам крстот и ја имав таа среќа“, изјави Кочанковски.
Владиката Петар го благослови, а многу среќа и бериќетна година за него и за сите верници посака градоначалникот на Битола Владимир Талески. Кочанковски беше награден од „Зегин“ – Битола, а традиционално Кочанковски ќе биде награден и од општина Битола.