НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО НАСЕЛБАТА ЈЕНИ МААЛЕ

НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО НАСЕЛБАТА ЈЕНИ МААЛЕ

 

Општина Битола во партнерство со УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за вработување го имплементира проектот за промена на дел од водоводната мрежа во населбата Јени Маале. Во наредните четири месеци ќе се замени старата азбестна водоводна мрежа во должина од 460 метри. Со овој проект се вработени 40 лица со основно и средно образование кои добиваат месечен надомест од 8.500 денари. Целокупната инвестиција изнесува 3 123 750  денари во кои Општината учествува со 956 250 денари.