ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛЕТНАТА СЦЕНА НА ТУМБЕ КАФЕ

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛЕТНАТА СЦЕНА НА ТУМБЕ КАФЕ

Во рамките на Форумот на заедниците еден од приоритетните проекти за граѓаните на Битола беше изградбата на летната сцена на Тумбе кафе. Средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој во износ од 60.000 евра и се очекува до крајот на летото да биди изградена оваа сцена.