ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Со проектот „Јунаците од цртаните филмови“ на Широк Сокак во Битола започнa новогодишната програма на Општина Битола.
„Јунаците од цртаните филмови на гости во Битола за Нова Година“ се покажа како одлична можност за дружење со музика, потикнување на креативноста и незаборавно дружење преку разиграност на децата од нашиот град и ширење на идејата за благосостојба и мир во целиот свет од центарот на Битола. Овој проект претставува бајка во која на гости во Битола за Нова година дојдоа дел од јунаците од познатите цртани филмови (Штрумфови, Аладин, Пепелашка, Том и Џери итн) за да му помогнат на Дедо Мраз во исполнувањето на новогодишните желби на децата во Битола. Сите учесници во претставата се деца од Битола избрани преку аудиција, а песните ја збогатија новогодишна атмосфера во Битола. Хепенингот беше збогатен со пригодна сценографија, кореографија и режија. Детскиот блок продолжи со музички дел во кој настапија децата од детскиот фестивал СИ – ДО, по што следуваше детската театарска претстава „Изгубената снегулка“ која што претставува осма по ред премиера на Бабец театар од Битола. Претставата е работена по текст на Јулијана Мирчевска, а се реализира во копродукција со Студио „Микс“ и детскиот хор „Ѕвончиња“. Претставата е класична интерактивна новогодишна приказна во која преку многу музика, танци се воведуват децата во магијата на зимата. Претставата е збогатена со присуство на хорот Ѕвончиња кои се појавуваат како изведувачи на песните заедно со актерите. Претставата има едукативна и забавна цел, а истата успеа да привлечи голем број посетители. Детската програма продолжи со детски музички блок и песни од детскиот музички фестивал „Тра ла ла“.
Пладневната програма беше исполнета со настап на групата Баклава,а потоа следуваа Филип Тодоровски, Поетика, Акустично трио Mr. Bluesman, Група „Фијакер“, а првиот ден од новогодишната програма завршува во 16.30 часот со настапот на Бандерола бенд.