ДОДЕЛЕНА „КАМЕРА 300” НА ФРЕД КЕЛЕМАН

ДОДЕЛЕНА „КАМЕРА 300” НА ФРЕД КЕЛЕМАН

Со врачувањето на наградите  беше  затворено 32. издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ кој  собра во Битола околу 400 познати директори на фотографии, режисери, сценаристи, продуценти, актери, филмски фанови од светот и од Македонија.
Златна камера 300 отиде кај “Коњот од Торино“ на Фред Келеман, кој според првичните реакции беше меѓу фаворитите и на публиката во Битола.
Сребрена камера 300“ за “Тивки гласови“ на генијалецот од Русија, Михаил Кричман.
Бронзена камера 300 ја доби “Млинот и крстот“ на Лех Мајевски и Адам Сикора
Исто така, на свеченоста им беа доделени и специјалните награди „Златна камера“ 300 на францускиот кинематографер Бруно Делбонел од страна на францускиот амбасадор во Република Македонија Жан Клод Шлумберже, како и на српскиот актер со богата регионална и интернационална кариера Предраг Манојловиќ, од страна на градоначалникот на Битола, Владимир Талески.