На свечаноста по повод крајот на проектот „Нов пристап кон подигнување на свеста за образование, технологија и граѓански права кај ромското население“ свое поздравно обраќање имаа Градоначалникот Талески и Амбасадорот Фуере. Проектот се реализираше успешно во организација на Општина Битола, Евро-регионалниот технолошки центар, НВО Биосфера и Баирска светлина.
Амбасадорот Фуере имаше работен ручек со претставници на културните институции во нашиот град.