ЗАВРШИ БИТ ФЕСТ 2006

ЗАВРШИ БИТ ФЕСТ 2006

 

ЗАВРШИ БИТ ФЕСТ 2006
 
Два месеци богато културно лето

Од 29 јуни до 28 август во Битола се одржаа 37 културни настани. Првото издание на БИТ ФЕСТ во организација на Општина Битола а по иницијатива на Градоначалникот на Битола, г.Владимир Талески , на битолчани им понуди 1 оперска премиера, 4 театарски претстави, 19 концерти, 3 улични перформанси, 2 фестивали, 6 изложби и 1 ди-џеј свирка.
Големината на БИТ ФЕСТ , како од содржински така и од организациско-технички аспект, беше најавена и потврдена уште на самото свечено отворање со премиерното изведување на операта „Бастиен и Бастиена“ на 28 јуни , а во организација на Битолската опера.
 

 Во Битола се случија 19 концерти , почнувајќи од извонредните етно изведби, преку рок и поп музиката па се до класичните настапи.Можевме да ги проследиме „ФОЛТИН“  

Рок составот „Могер Фоогер“, „Љубојна“

   Eтно концертот на „Рудина“,  Kонцертот на Еврејската заедница Моис Хасон кој што според публиката беше извонредно остварување сосема поинакво од вообичаената музичка понуда.

 На најразлични локации, меѓу кои античкиот театар Хераклеа, Широк Сокак, Магазата , плоштадот Гоце Делчев, битолчани имаа можност да ги видат и „Мизар“

 Поп дивата Калиопи која настапи пред повеќе од 2 и пол илјади публика.

   Разновидноста на вкусовите беше испочитувана  со разновидна понуда. Во таа насока можеа да се проследат и концертите на сериозна музика во изведба на Татјана Петрушевска -Красковска -боа и Петар Макариевски-пијано, квартет тромбони при МОБ-Скопје,гудачкиот квартет „Арко“, концертот на сопранот Павлина Георгиева во придружба на пијано од Маја Стојановска.

   За првпат во Битола гостуваше Националниот театар од Солун,Грција со античката трагедија „ Ефигенија од Тавриди“. Претставата ја плени публиката со впечатливата костимографија и кореографија а воедно и ги потврди силните релации на Општина Битола со соседна Грција во рамките на Еврорегионот.

   Гостуваше и театарска претстава од Холандија. Групата Корина Манара  се претстави со „Електра“ од Софокле во античкиот театар Хераклеа.

   Во рамките на Бит фест се одржа и резбарска школа организирана од копаничарското атеље„Маке“.Извонредна можност за битолчани да се запознаат со оваа македонска традиција.

   Битола е град на културата во текот на целата година, оттука и активностите кои ги организира Општината нема да застанат со завршувањето на БИТ ФЕСТ. Веќе во септември се ќе се случи фестивалот на филмската камера „Милтон Манаки“