Посета на Вице-премиерот за економски прашања ,Зоран Ставревски

Посета на Вице-премиерот за економски прашања ,Зоран Ставревски

 

Вице-премиерот за економски прашања, Зоран Ставревскија оствари првата официјална посета на Општина Битола 

  Вице-премиерот Зоран Ставревски беше примен од Градоначалникот на Битола, Владимир Талески а на средбата присуствуваа и истакнати стопанственици од градот: Вангел Гагачев директор на  ЗИК Пелагонија, Трајче Котевски-дир.на Алгрета, Борче Трпковки-сопственик на Микена , Спире Момировски-дир.на Идеал Шипка , Димче Шеровски -сопственик на МИ Шеровски, Борче Таневски -сопсвеник на Мак Строј, Цветко Каревски-дир.на Капол, претставници од АД Шекерана-Битола.
        Градоначалникот Талески ја образложи состојбата во битолското стопанство и ја истакна развојната стратегија на општината за интезивирање на економските текови. Конкретен чекор кој ќе се реализира во најблиска иднина е отворањето на индустриска зона во Битола за што Советот на Општината има донесено одлуката.
        Според зборовите на стопанствениците , во Битола како и во цела Македонија постојат крајно практични недостатоци кои го кочат нормалното функционирање на економските трансакции. Како пример беше наведено непочитувањето на договорите за соработка, немање наплата во законскиот рок, нелојалната конкуренција и сл.
Барањата на стопанствениците упатени кон новата влада  беа конкретни : стимулативни инструменти за извозно ориентираните фирми, функционирање на правната држава, борба против корупцијата и против нелојалната конкуренција и воопшто создавање ефикасен систем за брз стопански развој.
Вице-премиерот Ставревски од своја страна , истакна дека е отворен за соработка и дека целосно се става на услуга на потребите на стопанствениците,притоа оценувајќи ја средбата како крајно корисна.
Вице-премиерот беше и во посета на битолските фирми МИ Шеровски и на АД Идеал Шипка.